Sвездата на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да го напушти клубот доколку Спарс не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите.
Според „Атлетик“, англискиот репрезентативец го известил раководството дека сака да игра на највисоко ниво и дека ќе мора да го напушти клубот, ако лондончани не ја остварат целта.
Капитенот на Англија е разочаран од тоа што Тотенхем не е стандарден член во Лигата на шампионите и не сака да ги пропушти натпреварите од трката втора последователна сезона.

