Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ја совладаа Барселона во „Ел Класико“ со минимални 2:1 а нивниот тренер, Зинедин Зидан, вели дека победата требала да биде поубедлива со 3 или 4 голови предност.
„Првиот дел тотално го контролиравме. Имавме шанси да постигнеме барем 3-4 голови и многу порано да го решиме победникот“ – изјави францускиот стратег.
„Мечот беше максимално компликуван од психички аспект. Добро е што ги освоивме бодови. Сега треба да размислуваме само на наредните мечеви“ – изјави Зидан.

