Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, по вчерашниот пораз во дербито на теренот на Реал Мадрид, вели дека неговиот тим бил оштетен од страна на судиите во 83 минута кога Менди имаше контак со Брајтвајт.
„Не разбирам како помошниот судија не виде пенал за нас и зошто ВАР не реагираше. Судијата не може да види, но, постои ВАР за такви ситуации“ – потенцираше холандскиот тренер.
„Мечот мораше да биде продолжен повеќе од тие 4 минути. Не велам дека загубивме поради судиите, не бевме доволно добри во првиот дел“ – изјави Куман по поразот со 2:1 од големиот ривал Реал Мадрид.

