Манчестер Јунајтед одигра многу силно второ полувреме на гостувањето кај Тотенхем, благодарение на што стигнаа до пресврт и победа од 3:1 против екипата на Жозе Мурињо.
Уште еднаш за време на тековната сезона, „црвените ѓаволи“ покажаа дека едно од најсилните оружја на тимот е неговата способност да прави пресврти. Од почетокот на сезоната, тимот на Оле Гунар Солскјер освои дури 28 поени откако претходно беа во негатива. Манчестер Јунајтед нема апсолутно никаква конкуренција според овој индикатор. Најблиску до нив е екипата на Лестер, која се избори за 16 поени откако беше во резултатска негатива.
Во Англија направија интересна табела за пласманот, покажувајќи каде ќе бидат ните екипи, ако се земат предвид само резултатите од првото полувреме на натпреварите. На ова рангирање Манчестер Јунајтед е на 12-то место со само 38 бода на 31 натпревар.

