Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, имаше интервју за – „Газета“ во кое главна тема беше пласманот на Европското првенство.
„Никогаш не верував дека мојата репрезентација ќе ја видам на еден голем турнир, но како човек верувам во судбина а таа сакаше ова да се случи. Освоив многу, играв во повеќе клубови, меѓутоа и претходно кажував ги давам сите трофеи за настап со Македонија на ЕП“ – потенцира Пандев и се насочи кон историската победа против Германија.
„Таа ноќ во Дуизбург беше историска. Поминаа две недели од тој натпревар а јас искрено не верував дека можеме да направиме такво чудо. Германија 20 години немаше пораз во квалификациите за СП а ние успеавме да ги победиме. Господ сакал тоа да се случи, не знам што друго да кажам“ – вели Пандев.

