Италијанската влада дозволи присуство на гледачи за време на натпреварите на Европско фудбалско првенство во текот на летото.
Тоа значи дека Рим е 9-от град што ќе овозможи на трибините да има ограничен број на фанови или 25 проценти да биде исполнет капацитетот на стадионот. Претходно тоа со направија: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург.
УЕФА им остави простор на Билбао, Даблин и Минхен да одговорат до 19 април дали ќе дозволат фанови на трибините, во спротивно, може да бидат одредени нови градови-домаќини за натпреварите на континеталниот собир.

