Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го изрази своето воодушевување од однесувањето на неговите играчи во последната недела.
Кралскиот клуб го елиминираше Ливерпул во четврт-финалето од Лигата на шампионите по 3:1 во Мадрид и 0:0 на „Енфилд“. За време на викендот, Реал Мадрид го доби и „Ел Класико“ против Барселона и е во борбата за титулата.
„Заслуживме да продолжиме понатаму и среќен сум за момците. Благодарение на тоа ќе добиеме дополнителна енергија на крајот на сезоната. Но, сè уште не освоивме ништо. Горд сум на сè што правиме, но сега ни треба пауза и уживање. Одигравме три многу важни натпревари во последната недела, не беше лесно. Имам многу добри играчи во Реал, но она што ме прави горд е карактерот на момците. Кога сме соочени со предизвик, тие секогаш ги покажуваат своите најдобри квалитети“, прокоментира Зидан.Противник на Реал Мадрид во полуфиналето ќе биде уште еден тим од Островот – Челзи.

