Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше презадоволен по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ се квалификуваа само по втор пат во својата историја во оваа фаза од ова натпрварување, откако ја елиминираа Борусија (Дортмунд) по две победи со 2:1.
„Јас сум исклучително среќен за клубот, управата, навивачите, играчите – за сите! Манчестер Сити е по втор пат во полуфиналето и во оваа фаза нема богата историја, но ние почнуваме да пишуваме историја. Игравме одлично освен во првите 10 минути кога противникот беше подобар. Многу сум среќен што сме меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Ќе се обидеме да се претставиме добро и во полуфиналет“, рече Гвардиола, кој за разлика од Манчестер Сити има многу големо искуство со настап во полуфиналето.

