Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан, го подобри својот рекорд според бројот на учество во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако го елиминираа Ливерпул од ова натпреварување.
Кралскиот клуб ќе игра во оваа фаза по 14-ти пат во својата историја, што е најдобро достигнување досега. Најблиску до Реал Мадрид се елиминираните Баерн (Минхен) и Барселона, кои имаат по 12 настапи во полуфинале. Реал Мадрид е рекордер и по друг показател. Реал го освоил ова натпреварување седум пати од неговото основање во сезоната 1992/1993.
Друг интересен податок е дека Реал Мадрид ќе игра за прв пат во полуфиналето на престижното натпреварување по заминувањето на нивната голема sвезда Кристијано Роналдо летото 2018 година. Португалецот се пресели во Јувентус, но никогаш не го повтори успехот со Реал.
Противник на Реал Мадрид во полуфиналето ќе биде англискиот Челзи. Во другото полуфинале ќе се сретнат Манчестер Сити и ПСЖ.

