Тажна вест пристигна од Мелбурн, Австралија утрово, откако беше објавено дека 46 годишниот Гоце Грувески го загубил животот.
Гоце Груевски поголемиот од од својата кариера го помина во ПМФЛ, каде ги бранеше головите на неколку македонски прволигаши, а својот најголем успех го имаше во дресот на Победа Прилеп.
Покрај за Победа, во нашата земја тој настапуваше уште за Работнички, Вардар, Македонија ЃП, Слога Југомагнат и Беласица. Во 2006 година Груевски замина за Австралија каде најнапред беше голман, а потоа и тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн-Македонија Престон, а воедно работеше и во академијата на манчестер Сити.
Груевски во својата кариера имаше и осум настапи за Македонија, три натпревари во квалификациите за Светското првенство во Јапонија и Ј.Кореја 2002 година и пет пријателски натпревари во 2000 и 2001 година.

