Легендарниот фудбалски напаѓач на Англија, Алан Ширер, проценува дека Хари Кејн треба да го напушти тимот на Тотенхем во текот налетниот трансфер период доколку сака да ја збогати ризницата на трофеи.
„Хари има 28 години и три месеци, мислам дека е сега клучниот момент. Тој е во зенитот, комплетен играч кој е гаранција за голови каде и да игра“ – нагласил Ширер.
„Мислам дека го чекаат уште три-четири години во кои може да покаже квалитет. Мора да си оди сега или никогаш“ – потенцираше Ширер.

