Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити е близу до преселба во Премиер лигата. Според информација на весникот „Мундо Депортиво“, три англиски клуба имаат понуда за него и тоа: Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Барселона е подготвена да се раздели со Умтити следното лето. Раководството на каталонскиот гигант го вклучи Самуел во списокот на играчи за кои каталонскиот клуб е подготвен да ги разгледа понудите. Се споменува сума од 10 милиони евра која би била доволна за негова слобода.

