Големата фудбалска ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, објави интересна фотографија на неговиот официјален профил на Инстаграм.
На сликата се гледа Даниел Поденс, моментално играч на Вулверхемптон, кој со дрес на Олимпијакос ја држи топката со ѕвездата на Лигата на шампионите и има напишано порака подолу – Топка. Песна. Сон. Под самиот пост, Фернандес напиша лична порака „соништата не можат да се купат“.
Со тоа Португалецот кој е дел од Манчестер Јунајтед, јавно изрази негодување за официјалното објавување на плановите за Европската Супер-лига во која треба да партиципираат и „црвените ѓаволи“.

