Фановите на Ливерпул со поставување транспаренти на оградата на стадионот „Енфилд“ изразија револт од идејата за создавање на европска Супер-лига.
-Навивачите на Ливерпул против Европската Супер лига, гласи еден од транспарентите а на друг можеме да го прочитаме следниов текст: „Срамота за вас. Почивајте во мир, Ливерпул. 1892-2021“.
Во меѓувреме, група приврзаници на Ливерпул, објави дека ќе ги отстрани сите нивни знамиња и транспаренти од познатата трибина во знак на протест против одлуката на клубот да учествува во Суперлигата.

