Фудбалерите на Челзи доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Брајтон 0:0 а нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека за тоа голема вина има и целата приказна околу новата Супер-лига.
По натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, стратегот на „сините“ призна дека сите информации за создавањето на Европската Супер лига имале негативно влијание врз перформансите на играчите.
„Вестите за Супер-лигата влијаеја на психата на играчите. Пред натпреварот разговаравме само за тоа и за ништо друго. Разочарани сме. Сакавме да победиме“ – искоментира стратегот на Челзи.

