Обидот за еден вид државен удар во европскиот фудбал со формирањето на Суперлигата ја натера УЕФА да го забрза почетокот на новиот формат на Лигата на шампионите, тврди „Газета дело Спорт“.
Деновиве стана јасно дека најпопуларниот меѓународен клупски турнир ќе се одржи на поинаков начин од летото 2024 година. Паралелно со објавувањето на промените, сепак беше направен обид за воспоставување на Суперлигата. Затоа сега УЕФА не сака да ризикува и се подготвени на незадоволните клубови да им понудат новата форма да стапи на сила порано. Веќе се донесени многу измени, од кои главните се дека бројот на тимови ќе се зголеми на 36 и сите ќе бидат во една група, но во неа ќе играат против различни ривали.
Во текот ан вчерашниот ден се појави информација дека УЕФА преговара со инвестициски фонд во надеж дека ќе го зголеми финансискиот пакет на 7 милијарди евра.

