Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се појави во јавноста откако проетот Супер лига доживеа целосно фијаско.
“Ноќта беше многу долга. Бевме онлајн до еден наутро. Работевме на овој проект со години и можеби не објаснивме сè како што треба, но тие дури и не ни дадоа шанса да објасниме. Јас сум тажен и разочаран. Вложивме три години во проектот Суперлига да се бориме против тешката економска состојба низ која поминуваме“, рече Перез во ноќното интервју.
Иако проектот за Суперлигата засега пропадна, Перез нема намера да се откаже.
„Ако овој проект не успееше, другите сигурно ќе успеат. Сите 12 клуба имаат потпишано договори и проектот е сосема изводлив без германски и француски клубови“.

