Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Димитар Бербатов, призна дека е многу изненаден од отказот за Жозе Мурињо и тоа на само неколку дена пред финалето во Лига купот во кое клубот го брка првиот трофеј во последните 13 години.
„Изненаден сум што Тотенхем одлучи да го отпушти Мурињо. Моментот е лош, само неколку дена до финалето за Купот на Карабао“ – вели Бугаринот.
„Не можете да негирате дека Мурињо освојува трофеи каде и да оди. Многу сум изненаден“ – вели Бербатов.

