Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино проговори за повредата на напаѓачот Килијан Мбапе.
Да потсетиме, Мбапе се повреди на мечот од 34. коло во француската Лига 1 со Мец (3:1) и беше заменет неколку минути пред крајот на натпреварот. Мбапе беше стрелец на два гола на оваа средба.
„Килијан го повреди бутот. Се надеваме дека повредата не е премногу сериозна. Килијан беше загрижен кога беше заменет, но и мала повреда е секогаш болна”, изјави Почетино за официјалната веб-страница на Лига 1.
На 28 април ПСЖ ќе се сретне со Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на УЕФА. Средбата ќе се одигра во Париз (Франција). Реваншот ќе се одржи на 4 мај во Манчестер (Англија).

