Дефанзивецот на Реал Мадрид Дани Карвахал го коментираше резултатот од натпреварот од 32-то коло на Шпанската Ла Лига со Бетис (0:0).
„Мислам дека можевме да го смениме текот на натпреварот во второто полувреме. Овој резултат нè оддалечува од лидерот. Не бевме во можност да ги реализираме нашите шанси. Календарот е многу груб и многу повреди имаат значително влијание врз играта. Тренерот не може да смета на секого. А, оние кои се во можност да играат, немаат можност за одмор. Ние сме оптимисти. Останаа 15 бода, а ние имаме намера да ги освоиме сите 15. Имавме можност да извршиме притисок на мечот со Бетис, но не го сторивме тоа“, изјави Карвахал за „Марка“.
Реал Мадрид има 71 поен од 33 натпревари и е втор на табелата во Шпанското првенство.
