Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, потенцира дека неговиот состав секогаш игра под притисок дека треба да победи бидејќи ја има улогата на фаворит за освојување на титулата во Франција и во ЛШ.
„Принудени сме да победуваме. Тука првенството е одлично. Ќе видиме кој ќе биде прв. Има четири екипи кои можат да ја освојат титулата“ -вели Верати.
Неговиот тим в среда го очекува првиот меч со Манчестер Сити во полу-финалето во Лигата на шампионите.

