Алан Ширер и Тиери Анри станаа првите две легенди кои ќе се најдат во новата „Куќа на славните“ во Премиер лигата.
Подоцна ќе биде објавен скратен список од 23 дополнителни номинирани кои имаат право да се приклучат на Куќата на славните во Премиер лигата, а навивачите ќе можат да гласаат и да помогнат во изборот на другите шестмина кои ќе добијат вакво престижен статус.
„Куќата на славните“ е највисоката индивидуална награда што им се доделува на играчи во Премиер лигата во чест на талентот и достигнувањата на истакнати професионалци кои учествувале во Лигата од нејзиното основање во 1992 година. За да бидат примени, играчите мора да ја завршиле својата кариера пред 1 август 2020 година.

