Иако Месут Озил го напушти Арсенал и се приклучи на Фенербахче во јануари, англискиот клуб сепак исплаќа над 90% од неговата плата.
Според медиумите во Англија, лондончани ќе продолжат да го прават тоа до крајот на јуни, кога ќе истече договорот на играчот за врска со „топџиите“. Платата на Озил беше 350.000 фунти неделно, а тој некако успеа да постигне таков договор со Арсенал, според кој ќе добие околу 315.000. Останатите 35.000 ќе ги преземе неговиот нов клуб Фенербахче.
Се вели дека од следната сезона Озил ќе добива по 68.000 неделно во турскиот гигант, а потоа Арсенал ќе биде ослободен од сите обврски кон Германецот. Исто така медиумите тврдат дека Давид Луис ќе го напушти Арсенал ова лето, а договорите за Дани Себаљос и Мет Рајан нема да бидат продолжени. Лукас Тореира и Матео Гендузи ќе бидат продадени.

