Кристијан Виери, прославениот фудбалер на Јувентус, Лацио, Интер, Атлетико Мадрид, Фиорентинa и репрезентацијата на Италија, верува дека ќе успее проектот наречен европска Супер-лига.
„Мислам дека Суперлигата ќе се одржи, кога-тогаш, можеби не денеска, сигурно во иднина. Клубовите направија низа грешки во комуникацијата, но Флорентино Перез не е глуп, знае што сака, дури и ако има несогласувања“ – вели Виери.
„Големите клубови не сакаат друг да им ги контролира парите. На богатите не ѝ треба УЕФА за да им ги води финансиите“ – вели Виери.

