Крилото Осман Дембеле во оваа фаза одбива да го продолжи договорот и ова сериозно го загрижува раководството на Барселона. Договорот на Французинот истекува во 2022 година, а клубот сака да го продолжи за уште три сезони.
„Радио Каталуња“ тврди дека Дембеле бил навреден од челниците на Барселона кои се обиделе да го продадат минатото лето. Тогаш Барса се надеваше дека ќе земе пари за крилниот напаѓач, но не доби доволно добри понуди. Иако честопати е повреден, Дембеле придонесе за некои од најважните победи на Каталонците оваа сезона. 23-годишниот фудбалер во моментов не му е достапен на Роналд Куман поради повреда. Неговата статистика од почетокот на сезоната вели дека има одиграно 25 натпревари и постигнато 5 погодоци.
Барселона смета на Дембеле и луѓето околу него да ја преиспитаат својата позиција и да постигнат нов договор. Сепак, ако тоа не се случи, клубот повторно ќе бара купувач за поранешниот играч на Борусија (Дортмунд). Јувентус и Ливерпул се меѓу екипите кои се заинтересирани за Французинот.

