Искусниот играч за врска на Рома и ерменски репрезентативец, Хенрих Мхитаријан е пред преселба во Јувентус, пренесува РБЦ-Спорт.
Според изворот, агентот Мино Раиола, кој ги застапува интересите на Мхитаријан, се сретнал со спортскиот директор на торинскиот клуб. Јувентус покажа интерес за фудбалерот и го објави својот предлог за негов трансер во Торино.
Се очекува Мхитаријан да им даде одговор на Торинци многу брзо. Раиола преговара и со раководството на Рома, кое е заинтересирано за продолжување на соработката со Мхитаријан.
Во 2019 година, Мхитаријан се пресели од Арсенал во Рома на позајмица, а една година подоцна потпиша целосен договор со италијанскиот клуб.

