Фудбалерите на реал (М) и Челзи одиграа без победник, 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на УЕФА.
Ова реми значеше дека Зинедин Зидан и овој пат не успеа да го победи Томас Тухел како тренер.
Досега Зидан и Тухел имаа пет меѓусебни тренерски пресметки, а Французинот не успеа никогаш да победи на меч против тим предводен од Германецот. Четири нивни пресметки завршија нерешено, а Тухел има една победа со ПСЖ над Реал.
Реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Челзи и Реал ќе се одигра на 5 мај на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.

