Македонските фудбалски прволигаши, попладнево од 13 часот на програмата ги имаат мечевите од 30. коло. Откако Шкендија изминатиот викенд и официјално ја потврди шампионската титула, денеска ќе има пролично незгодно гостување во Скопје против Работнички, но тетовци останува мирно да му пристапат на мечот откако веќе ја направија шампионската прослава.
Особено ќе биде интересна битката на дното, каде има повеќе тимови кои се борат за „гол живот“.
Вардар гостува во Велес за да ги одмери силите со Борец, тим кој исто така не смее да загуби на денешениот меч. Ренова гостуваат кај Академија Пандев, два тима кои исто така зависат од бодовите во битката за опстанок во елитата. Второ мало дерби е дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкупи, затоа што и двата тима се борат за потврда на европскиот статус ова лето.
ПМФЛ- 30.КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
БОРЕЦ – ВАРДАР
БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
А.ПАНДЕВ – РЕНОВА

