ПСЖ веќе ја испратил својата понуда за договор со суперaѕвездата на Барселона, Лионел Меси, чиј договор истекува на крајот на сезоната, објави бразилскиот новинар Марсело Бехлер, кој прв го објави трансферот на Нејмар во француската престолнина.
ПСЖ смета дека нивната понуда е „недостижна“ за Барселона од финансиски аспект, а исто така се убедени дека нивниот спортски проект е подобар од оној на Каталонците. Предложениот договор на Меси е за период од две сезони плус опцијата за уште една година. Таткото на фудбалерот, Хорхе Меси, моментално е во Барселона, но ниту претставниците на напаѓачот, ниту клубот не брзаат да преговараат за нов договор.
Се претпоставува дека Аргентинецот сака да заврши сезоната и потоа да одлучи за својата иднина. ПСЖ се смета за голем фаворит во случај Меси да избере да игра во друг тим. Неколку играчи во тимот, како Нејмар и Аргентинците Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, веќе признаа дека би биле среќни Меси да стане нивен соиграч.

