По пауза од четири години штипска Брегалница се врати во македонската фудбалска елита. Попладнево во Штип, „сините„ со 3:0 го совладаа Кожув и со тоа ја потврдија својата позиција на табелата во источната група.
Бакрачески, Дујовски и Манев беа стрелци во победата на Брегалница и потврдениот пласман во елитата.
Таму има место и за екипата на Скопје, која попладнево во меч од 25. коло го победи Охрид со 2:0, со головите на Кировски и Јанакиевски. Со тоа момците од Автокоманда го заверија пласманот во Првата лига.
Фудбал, ВМФЛ – 25 коло
ИСТОК:
САСА – ПЛАЧКОВИЦА 1:2
ПОБЕДА – РОСОМАН 3:1
СЛОГА (В) – ОСОГОВО 4:1
БРЕГАЛНИЦА – КОЖУФ 3:0
ТИКВЕШ – КИТ ГО 3:1
ЗАПАД:
ВЕЛАЗЕРИМИ – ДРИТА 2:2
КАДИНО – КОРАБ 3:0
СКОПЈЕ – ОХРИД 2:0
ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР 0:1
ТЕТЕКС (СЛОБОДЕН)

