Фудбалерите на Славија Прага ја освои третата последователна титула во Чешка и 21-та во својата клупска историја.
Славија го обезбеди трофејот на пет кола пред крајот на шампионатот, откако главниот и лут градски ривал Спарта Прага одигра само 2:2 на гостувањето кај Либерец.
Така, Славија започна да ја слави титулата уште пред почетокот на нивниот натпревар од колото против Викторија, кој на крајот го добија со убедливи 5:1.
Екипата на Славија е недостижна на врвот со 78 бода, Јаблонец е втор со 62, а Спарта е трета со 59 бода и натпревар помалку.

