Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Марко Верати и Андрес Ерера, жестоко го нападнаа судијата Бјорн Кујперс поради навредите упатен кон нив на вчерашниот реванш со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Францускиот состав загуби на „Етихад“ со 2:0 и со вкупни 4:1 е елиминиран во последниот елиминациски филтер пред големото финале во елитната конкуренција на Европа. По мечот во Англија, Верати, објасни дека судијата се однесувал непристојно кон гостинските фудбалери.
„Не сакам кога судијата ти кажува пцовки. Секогаш покажуваме респект, но, тој го повтори тоа три-четири пати во текот на мечот“ – рече Верати.

