Менаџерот на Челзи, Томас Тухел му честиташе на тимот за пласманот во финалето во Лигата на шампионите.
Лондончани го елиминираа Реал Мадрид по 1:1 во Мадрид и победа од 2:0 на домашен терен. Противник на Челзи во финалето на 29 мај во Истанбул ќе биде Манчестер Сити.
„Тешко ни беше во првото полувреме. Реал ја контролираше топката и ни создаваше проблеми. Се потпревме на контранапади и не се предававме во одбраната. Во второто полувреме игравме одлично и можевме да стигнеме до брз гол. Пласмнаот во финалето е извонредно достигнување, честитки за тимот. Премногу е рано да се зборува за финалето сега, бидејќи сè може да се случи до 29 мај, повреди на пример. Се надевам дека ќе бидеме во полн состав и во добра форма за овој важен натпревар. Ние сакаме да стигнеме до крајот. Многу сум среќен за постигнатото, благодарен сум за можноста која ја имам да го водам овој тим“, прокоментира Тухел.

