Алесандро Флоренци се надева дека Рома ќе ја освои титулата во Серија А со доаѓањето на Жозе Мурињо, но сепак не е сигурен за неговата иднина во ПСЖ.
„Специјалниот’ беше назначен за тренер на Рома на почетокот на оваа недела, а Флоренци на социјалните мрежи реагираше позитивно на новата вест.
„Тоа е здив на свеж воздух за сите, Мурињо е еден од тренерите со најмногу искуство и личност која ќе може да ја контролира римската средина, се надевам дека ќе излезе добро“, изјави италијанскиот репрезентативец.
Дали Рома може да ја освои титулата со Португалецот на клупата?
„Како навивач, се надевам дека ќе биде така“, вели Флоренци, кој ја завршува позајмицата во ПСЖ и најверојатно ќе се врати во дресот на „волчицата“.

