Иднината на играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба останува неизвесна.
Според „Скај Спортс“, англискиот клуб сè уште не започнал преговори за продолжување на договорот со Французинот, чиј сегашен договор со Јунајтед ќе истече летото 2022 година.
Во овој момент, Погба е фокусиран на завршување на сезоната со Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Франција која се подготвува за Евро 2020. Манчестер Јунајтед има намера да го реши прашањето за иднината на 28-годишен фудбалер во блиска иднина, бидејќи по 7 месеци играчот ќе има право да потпише прелиминарен договор со кој било клуб.
На почетокот на декември, агентот Мино Раиола, рече дека фудбалерот нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Во март, пак, беше објавено дека Погба сепак е подготвен да преговара за нов договор со Јунајтед.
