Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Англија не пушта навивачи во Турција, сака финалето од ЛШ да се игра на Островот
    Фудбал

    Англија не пушта навивачи во Турција, сака финалето од ЛШ да се игра на Островот

    risteBy riste07/05/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската асоцијација на Англија преговара со УЕФА за преселување на финалето на Лигата на шампионите на Островот. Натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Сити е закажан за 29 мај во Истанбул.

    Состојбата со зголемувањето на инфекциите со коронавирус во Турција е таква што британската влада ја стави земјата на црвената листа. Ова значи дека секој што ја посетува земјата мора да остане во карантин во траење од 10 дена во владиниот хотел по враќањето во Велика Британија.

    За елитните спортисти, постои исклучок кога патуваат, но тие исто така мора да бидат во карантин. Британската влада верува дека најдобра опција е финалето да се одигра на Островот, бидејќи учесници се две англиски екипи. На овој начин навивачите ќе можат да присуствуваат на натпреварот.

    „Се плашам дека мора да ја ставиме Турција на црвената листа. Тоа значи дека навивачите не треба да патуваат во Турција. ФА разговара со УЕФА. Ние сме отворени за да бидеме домаќини на финалето, но ова е одлука на УЕФА”, рече министерот за транспорт, Грант Шапс.

    Се чини дека ова е потег со кој британската влада се обидува да изврши притисок врз европската фудбалска централа. УЕФА неодамна објави дека финалето останува во Истанбул и не биле свесни за последните случувања. „Во УЕФА неодамна дознавме дека Турција е на црвената листа и ни треба малку време да ја разгледаме ситуацијата“, рече портпаролот на УЕФА.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.