Sвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски може да ги смени клупските бои ова лето. Според ЕСПН, Полјакот се повеќе размислува за заминување од Баварија.
Финалистите во ЛШ, Челзи и Манчестер Сити сакаат да се обидат да го привлечат 32-годишниот Левандовски во своите тимови. Доколку Баерн се согласи да започне преговори за трансфер на Полјакот, ќе побара најмалку 60 милиони евра за неговите услуги.
ПСЖ е исто така заинтересиран за напаѓачот, но сите постапки на парижаните на трансфер пазарот зависат од иднината на Килијан Мбапе.

