Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо го пропуштил тренингот на тимот по натпреварот со Милан (0:3) и заминал во фабриката на Ферари.
Утрово Португалецот требаше да учествува на редовниот тренинг, но заедно со претседателот на клубот Андреа Ањели и претседателот на бордот на директори на Јувентус, Џон Елкан, фудбалерот ја посетил фабриката каде се произведува Ферари.
Калчомеркато, пак, тврди дека Роналдо заминал во Ферари за да си купи нов автомобил.

