Роналд Куман, по се изгледа, ќе мора да ја напушти функцијата на крајот од тековната сезона, објави ЕСПН.
Според изворот, неколку директори сметаат дека стилот на игра на Куман не е во согласност со долгорочните цели на клубот и ќе се откажат од него дури и ако Барселона го освои шпанскиот шампионат.
Куман го презеде кормилото на Барселона во август 2020 година, а има активен договор до крајот на следната сезона.

