Фудбалерите на Раборнички во последното коло од првенството ќе и гостува на Ренова во Тетово, а шефот на стручниот штаб Александар Влахо е задоволен од изданието на тимот и триумфот на последниот меч. Тој посебно ја потенцира добрата игра на младите фудбалери кои треба да бидат носители во следната сезона.
„Одигравме квалитетен натпревар против Силекс, иако можеби на почетокот малку деконцентрирано влеговме во дуелот. Примивме гол по една индивидуална грешка, но тимот покажа карактер, брзо се вративме и израмнивме, а потоа имавме уште неколку шанси . Во второто полувреме постигнавме уште два гола за триумф, а посебно сум среќен затоа што на овој меч играа петмина фудбалери помлади од 21 година кои беа одлични претставуваат светла иднина на клубот Би ги потенцирал Марио Станковски и Методи Максимов, но и сите останати. Тие треба да бидат носители на играта на Работнички во следната сезона. Ни престанува максимално одговорно да го одиграме и последното коло од шампионатот, гостуваме на Ренова во Тетово и ќе се обидеме и на овој меч да одиграме најдобро што знаеме“, вели Александар Влахо.

