Левиот бек Ферлан Менди ќе ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид до крајот на сезоната и затоа Зинедин Зидан останува без сите свои дефанзивци.
Французинот има проблеми со грбот и весникот „АС“ тврди дека ќе отсуствува три недели. Исто така надвор од терените поради повреди се и централните дефанзивци Рафаел Варан и Серхио Рамос, како и актуелниот десен бек Дени Карвахал. Неговата алтернатива Лукас Васкез е исто така во болница.
Шпанските медиуми очекуваат Варан да пропушти само уште еден натпревар за Реал Мадрид и да се врати на последните два. Останатите играчи се надвор од комбинација до крајот на сезоната.

