Напаѓачот на фудбалскиот состав Ливерпул, Садио Мане, ја опиша тековната сезона како најлоша во неговата кариера.
Во претходните три, Африканецот секогаш постигнуваше најмалку 20 голови а сега има само 14. Тој се обиде да ја открие причината за лошата форма и се подлегна на разни тестови за да види дали има здравствени проблеми.
„Ако ме прашате што е проблемот, ќе ми биде тешко да одговорам. Јас самиот не се препознавам. Поминав дури и специјални тестови на телото. Дали јадам вистинската храна или има нешто променето?, резултатите беа в ред. Само треба да прифатам дека има подеми и падови во животот. Продолжувам да тренирам и се надевам дека се ќе биде подобро“ – вели Мане.

