Откако легендарниот голман на фудбалскиос состав Јувентус и на селекцијата на Италија, Џанлуиџи Буфон, објави дека ќе стави крај на богатата кариера, медиумите на „Чизмата“ се обидоа да ја откријат причината за неговиот потег.
Според наведеното, 43 годишниот ветеран донел тешка одлука бидејќи бил разочаран од третманот што го имал од страна на неговиот пријател, Андреа Пирло, со кого освои речиси се во професионалната кариера.
„Газета дело Спорт“, тврди, дека Буфон очекувал многу поголема минутажа и респект од тренерот на „старата дама“ и дека тоа е една од причините за неговото повлекување во пензија.

