Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за Дејан Георгиевски кој ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри во Токио во натпреварите во таеквондо.
„Во период кога контактните спортови се соочуваат со проблеми поради пандемијата, Георгиевски покажа дека не смее да има пречки за постигнување на одлични спортски резултати. Сите сме горди на неговиот успех и се надеваме дека ќе не израдува и на Олимпијдата во Токио. Сите негови активности во наредниот период ќе бидат поддржани од Агенцијата за млади и спорт“ – истакна меѓу другото Мојсовски.
„Победата против Азербејџанецот, олимписки и светски првак во таеквондо само ја зголемува мојата самодоверба за Токио. Сакаме од таму да се вратиме со медал, верувам дека може да биде и златен“ – истакна Георгиевски.
