Тренерот на катарски Ал-Сад, Чави ќе го продолжи договорот со клубот.
Поранешниот фудбалер на Барселона одлучи да продолжи да работи со тимот уште две сезони, со тоа потиснувајќи ги гласините дека може да го води каталонскиот клуб следната сезона.
Ал-Сад, заедно со Чави, станаа шампиони на Катар за сезоната 2020/2021, минувајќи ја целата сезона без пораз. Шпанскиот тренер го води тимот од 2019 година. Пред тоа тој играше за катарскиот клуб како фудбалер.

