Фудбалерите и стручниот штаб на Манчестер Јунајтед пристигнале на „Олд Трафорд“ седум часа пред почетокот на дербито со Ливерпул.
Овој потег се чуваше во тајност до неговата реализација, и бил дел од мерките на претпазливост преземени во клубот против можни нови протести на навивачите. Како што е познато, дербито требаше да се игра на 2 мај, но беше одложено поради масовни протести на навивачите, што доведе до инвазија на теренот, а потоа и на судири со полицијата.
Играчите пристигнаа денес со своите приватни автомобили околу 13 часот по локално време. Веќе на приодите кон стадионот, полицијата поставила контролни пунктови за да го ограничи пристапот на сите надворешни лица во близина на „Олд Трафорд“. Во меѓувреме, два автобуса на Манчестер Јунајтед се преселија во хотелот Лори, каде што играчите на „црвените ѓаволи“ традиционално престојуваат пред натпреварот за да ги измамат навивачите и да им го одвлечат вниманието.
Автобус на Ливерпул ќе пристигне со придружба од сериозно обезбедување пред натпреварот. Ливерпул веќе пристигнал во Манчестер, но се уште се во нивниот хотел. Дербито започнува во 21:15 часот.
