Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не го криеше задоволството по вчерашната убедлива победа на теренот на Гранада остварена мечот од 36-тото коло во Примера Дивизион.
„Се ми се допадна на мечот. Не само резултатот и головите, туку и начинот на кој игравме во одбраната и воопшто во сите 90 минути. Многу комплетен натпревар за повеќето играчи“ – вели францускиот тренер.
„На 2:1 не го намаливме интензитетот на игра, постигнавме брз гол и покажавме дека имаме карактер. Останаа уште два натпревари во кои ќе се бориме до последниот здив за титулата“ – прокоментира Зидан.

