Челниците на фудбалскиот состав Баерн Минхен се заинтересирани за дефанзивецот на италијанскиот Интер, Ашраф Хакими, објави денеска весникот – „Мундо Депортиво“.
Баварците имаат намера да понудат сума од 50 милиони евра за потписот на Мароканецот кој има да одработи уште четири години во дресот на „нероаѕурите“. Во текстот се наведува дека калчо-тимот се соочува со тешка финансиска состојба и дека може да ја прифати понудата на Баерн Минхен.
22-годишниот десен бек во сезонава одигра 44 натпревари на кои постигна 7 голови и направи 9 асистенции.

