Откако тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, најави дека на крајот на сезоната ќе си замине од редовите на шпанскиот состав, веднаш се појавија шпекулации кој ќе дојде на неговото место.
Весникот – „Марка“, денеска објави дека легендата на клубот, Раул Гонзалес , кој работи како тренер на вториот тим на „белите“ е во преден план додека како алтернативи се посочуваат и Масимилијано Алегри и Јоаким Лев.
Италијанецот нема активност две години додека Лев по европското првенство ќе ја напушти селекцијата на Германија и ќе може да се активира на клупски план.
