Фудбалскиот состав Вердер по вчерашниот пораз на теренот на Аугсбург му врачи отказ на тренерот, Флоријан Кофелт, стои во денешното соопштение објавено на официјалната веб-страница на тимот.
Во завршницата од Бундес-лигата на мечот со Борусија Менхенгладбах, клубот ќе го води легендата, Томас Шааф, кој претходно ја имаше таа позиција. Вердер се наоѓа на 16-то место во поредокот на само една рунда пред крајот на сезоната.
„Среќни сме што Томас ја презеде задачата во неизвесна ситуација за клубот. Се надеваме дека со неговото искуство тој може да ги подготви играчите за последниот натпревар во сезонат“ – изјави извршниот директор на Вердер Бремен, Франк Бауман.

